ВМРО-ДПМНЕ почнува со собирање на потписи за одржување на задолжителен референдум за раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија склучен во 2018. Според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски овој Договор е извор на сите проблеми за земјава и основата на која Бугарија ги темели своите максималистички барања.
Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.
-Прв јас ќе се потпишам. После одобрувањето, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓаните. Роковите се мислам три месеци. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.
Тој очекувам сериозност и одговорност од власта.
-Формулирано е сериозно референдумско прашање. Очекуваме власта да ги прифати нашите аргументи „за“ за напуштање на важноста за законот за ратификација на Договорот за добрососедство. Гласаме „за“ или „против“ овој штетен договор, додаде Мицкоски.
Тој верува дека има луѓе во Владата кои размислуваат проевропски и нема да ги спречуваат граѓаните да гласаат на референдумот.
-Верувам дека има граѓани Албанци кои сочувствуваат со нашите проблеми и ќе ги поддржат нивните соседи Македонци кои се против асимилацијата, кажа Мицкоски.
Референдум против ЕУ, нема поддршка и нема да успее
-Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме.
Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ.
-Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови.На погрешен начин Мицкоски бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ, велат од СДСМ.