ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

од Nikola Popovski
9 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, изјави претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предложените измени на Изборниот законик.

Тој при тоа го повтори партискиот став дека ќе поддржат предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. Како што рече, „нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес за парламентарни и претседателски избори“, откако пратеничка од опозицискиот Европски фронт, рече, ја обвинила Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа и го ускратувала правото.

Предлог-измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој се бара Македонија да биде една изборна единица, поднесен од Либерално-демократска партија, на собраниска седница. Целта е велат од партијата да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и поголема застапеност на помалите политички партии.

Декларативно, сите се за измени на Изборниот законик, но секој со свои барања. Се потенцира и фактот дека според препораките на ОБСЕ, 6 месеци пред избори не треба да се менува законската регулатива.

Извесно е дека ако има консензус, измените би стапиле во сила на следните парламентарни избори за 4 години.

Слични содржини