ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијативи до Уставниот Суд за проценка на Законот за патните исправи

од Nikola Popovski
159 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Уставниот Суд поднесе претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5) двата објавени во „Службен весник “ на 03.06.2021 година.

Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително во двете претставки се бара Уставниот суд да донесе РЕШЕНИЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА. Односно согласно Деловникот на Уставниот суд, Уставниот Суд да го запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се’ до одлучувањето дали се тие уставни или не.

Двата члена, односно во двата закони се наведува дека патните исправи, односно возачките дозволи и возачките книшки, „кои го содржат натписот Република Македонија издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 12 февруари 2024 година“.

-Со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12ти февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови.

Уставниот суд до сега покажал ажурност за носење на одлуки и очекуваме тоа да се случи и сега. На тој начин ќе се надмине оваа криза којашто е предизвикана од неспособноста на власта, намерна или ненамерна. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи (само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се сменети) всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови.

Воедно, со одлука на Уставниот суд за времена мерка за овие два члена, односно за ограничување на рокот на важење на документи, ќе се избегне дополнително компликување и товар врз Собранието или пак непотребни билатерални комуникации со други држави, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Слични содржини