ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Рашковски за злоупотреба на службената должност и овластување

од desk2
120 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство за Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, за злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на функцијата Генерален секретар на Владата, со што извршил кривично дело од чл.353 од Кривичниот законик, информираше денеска членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ.

Вели дека Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на Владата без тие да ја имаат исполнето со закон потребната квалификација, како што рече, единствена квалификација која тие ја имаат е тоа што се активисти на СДСМ.

„Рашковски од периодот на негово назначување за Генерален Секретар до датумот на распишување на изборите, во повеќе наврати организирал именување на повеќе ВД директори од страна на владата, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, но и именувал луѓе кои не биле писмено предложени од надлежни органи, како на пример Управен Одбор, за позициите за кои тоа било потребно. СДС не бира средства и начин како целосно да ја партизира државата. СДС поставува некомпетентни луѓе на позиции директори, со цел партизација на секоја пора на општество“, истакна Колариќ.