ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон со кој ќе се зголемат платите на наставниците

од Nikola Popovski
384 прегледи

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка. Се работи за идентичен закон со законот што го имаат поднесено од СДСМ, кој го користат за манипулации на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ било против зголемување на платите на наставниците и подобрување на воспитнообразовниот процес, истакна Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

За да се обезбеди квалитетен образовен процес преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници потребно е додаде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да се зголеми нивната мотивација.

Со зголемување на нивната мотивираност, смета Стаменкоска Трајкоска ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во Македонија. За таа цел пратеничката рече дека е потребна економска сигурност на наставниците и стручните соработници и вреднување на нивниот труд кој се постигнува со пораст на платите.

Слични содржини