Македонија е заложник на „Кацарска судството“ кое целосно е ставено во функција на Зоран Заев, единствениот политичар во Европа кој е аболициран за тежок криминал, а прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт, обвинуваат денеска од опозициската партија.

Сметаат дека на тој начин власта ака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет.
„Одлуката на Кривичниот совет итно и без разгледување да ги одбие жалбите на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е преседан кој се нема случено во демократскиот свет и доказ дека судиите се партизирани од страна на Заев и СДСМ. Заев преку оваа срамна одлука испраќа порака против сите политички неистомсленици дека доколку се обидат да му застанат на патот, во истиот момент ќе станат жртва на политичкиот прогон кој го спореведува преку партизираното „Кацарска судство“, велат од партијата.
Инаку, поранешниот премиер и сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, НИкола Груевски е псиден на две години затворска казна за купување „мерцедес“ на незаконска јавна набавка, а неговите жалби до релевантните суддови во земјава беа одбиени и треба да се јави на отслужување на казната.