ВМРО-ДПМНЕ повторно ја обвини судијката Кацарска дека бара зголемување на нејзината плата, а укинување на пензиите

-Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите, рекоа, меѓу другото, од партијата на Мицкоски

од Nikola Popovski
5 прегледи Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со нападите кон уставната судијка, Добрила Кацарска, велејќи дека „била наградена поради понизноста и послушноста кон СДСМ“. Според најголемата владеачка партија, „Кацарска била наградена за предметот за 27 април за изнесените пресуди како послушничка на екс-премиерот Зоран Заев“

-Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.

СДС молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на пензиите од 7000 денари.

Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите, рекоа меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Уставниот суд најостро ја осудува реториката основана на лаги и манипулации за предметот во кој се оценува уставноста на член 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во јавноста познат како „линеарно зголемување на пензиите“.

„Нападнати се интегритетот, самостојноста и независноста на судијата Добрила Кацарска како судија-известител, а истовремено и на Уставниот суд, преку јавното дисквалификување за постапувањето во последниот случај. Тезите дека „СДСМ преку Кацарска тргна во напад за укинување на зголемување на пензиите“ или „СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето“ се недозволиви и можат да создадат погрешна перцепцијата за работењето и постапувањето на Уставниот суд“, се наведува во соопштението од пред неколку дена.