ВМРО-ДПМНЕ: Предложивме 706 амандмани за ребаланс на буџетот, власта разгледа само 62

од desk2
100 прегледи

Од предложените 706 амандмани од опозицијата, разгледани се само 62 и сите се одбиени. Опозицијата со 51 пратеник претставува над 450.000 гласачи, а никој од актуелната власт не сакаат ни да го слушнат нивниот глас и проблеми. Владата не сака да слушне за проблемите на овие луѓе, а на пак за нивно решавање, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се вели дека СДСМ ако сака да се однесува како демократска партија треба да престане да се однесува како да се сопственици на Република Македонија.

„За сите важни прашања во Македонија власта ќе мора да се консултира со опозицијата и да го земе предвид нивното мислење. Додека беа во опозиција полна им беше устата со инклузивност, демократија, грижа и слично, а сега воопшто немаат слух за ставовите на опозицијата и за потребите на граѓаните кои беа преточени во амандмани на ребалансот на буџетот. СДСМ уште еднаш покажа дека не е заинтересирана да работи во интерес на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштеието на ВМРО-ДПМНЕ.