ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение уште еднаш порача дека останува на принципиелната понуда до СДСМ и Зоран Заев дека ќе им дадат поддршка да формираат влада доколку се залагаат за унитарна и мултиетничка Македонија, а не бинационална држава, и јасно да кажат дека ја одбиваат тиранската платформа и елементите содржани во неа. 
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и дека опстојуваат на своите позиции за предвремени избори како излез од кризата.
– ВМРО-ДПМНЕ се уште стои на позицијата дека предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата, бидејќи граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат , стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ