ВМРО-ДПМНЕ смета дека само предвремени избори се решение за, како што велат, „лек за неспособноста на Данела Арсовска“. Според партијата, „тие ќе победат на изборите, а после тоа ќе формираат Влада“.
-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје. Наспроти тоа СДСМ нема концепт, ниту знае како да работи и направи проектим, стои во партиското соопштение како реакција на денешното гостување на градоначалничката на Скопје и дадените изјави во емисијата „Студио 10“.
Арсовска кажа дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира Град Скопје.
Таа кажа дека со „нестручни амандмани“ на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Вардар може да добие средства, ниту граѓаните ќе добијат субвенции.
-Поради блокада на буџетот, не може да се изградат улици во Чаир, Кисела Вода, Аеродром… Советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа предупредени од стручните служби на Град Скопје дека вака се блокира работата на Град Скопје, потенцира Арсовска.