„Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола. Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола“, изјави Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари.
Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари. Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра“, тврди Милески.