ВМРО-ДПМНЕ прифаќа уставни промени по примерот на Хрватска

од Nikola Popovski
153 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека безусловно и веднаш, прифака уставни измени по моделот на Хрватска. Партијата смета најдобро би било „Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе, односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства“.

„Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН. Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени“, велат од најголемата опозициска партија.

По говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред два дена, од опозициската партија го соопштија својот став. ВМРО-ДПМНЕ упати предлог до Владата на Република Северна Македонија целосно да го имплементира хрватскиот модел при промена на преамбулата на Уставот на државата.

„Со оваа (Северна Република) Македонија ќе го промени својот мултиетнички карактер во унитарен и ќе биде држава на македонскиот народ и на националните малцинства кои живеат овде“, го објави ставот на ВМРО-ДПМНЕ Митева, додавајќи дека Хрватска е членка на ЕУ.

 

Слични содржини