ВМРО-ДПМНЕ: Рашкоски и понатаму може да влијае на сведоците

од Vladimir Zorba
170 прегледи

„Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Рашкоски и понатаму може да влијае на сведоците“, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Набавката на софтверот на Рашковски, според партијата на Мицкоски, е „идеја на Владата и Владата стои зад него“.

„Тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично“, сметаат од опозициската партија.

Од Белата палата го повикаа ЈО да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него.

„Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ“, додаваат меѓудругото од ВМРО-ДПМНЕ.