Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска посочи дека размислува неговата партија да ги повлече своите членови од Државната изборна комисија.
-Насилно ќе се однесуваат и ќе ја опструираат работата на ДИК. Гледаме дека опозицијата во албанскиот блок не може на пристоен начин да номинира член во рамките на Комисијата. Ако продолжат вака да се однесуваат, се уште се консултирам со соработниците, нема ни што ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК, порача Мицкоски.
Тој истакна дека власта може сама да си организира избори во тој случај.
-Тогаш нека си спроведат избори ДУИ, Ахмети,Зечевиќ, Маричиќ, Спасовски, Ковачевски, па да видиме како ќе личат тие избори. Од самиот почеток гледаме дека некој се обидува да имаме нелегален изборен процес. Тоа е тоа. Има многу работи кои што треба да се случат, рече Мицкоски при посетата на општина Свети Николе.