ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола сè уште работи со еден блок на мрежа

од Stefanija Kuzmanovska
844 прегледи

Вчера се случи неуспешен обид за вклучување на Блок 1 во РЕК Битола. Беше потрошен мазут, ангажирани луѓе во ноќните часови, потрошени повеќе од 1 милион евра народни пари за „планско“ вклучување, кое пропадна по само неколку часа, бидејќи Блок 1 беше веднаш исклучен од мрежа, соопшти Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

– По бомбастичните најави дека само што не почнал да произведува РЕК Битола со два блока, па кај и да е за неколку дена ќе продолжи со ТРИ блока, односно со полн капацитет конечно ќе произведува електрична енергија, бомбата им пукна во раце! Уште еднаш се докажа дека повторно лажат бидејќи во техниката нема импровизации! Блок 1 не успеаа да го вклучат на мрежа, поради лошо направена санација непочитувајќи ги техничките прописи. Исто така при нестручната санација на котелот и скинати цевки при „планскиот“ испад на БЛОК 1 кој се случи пред неколку недели беше предизвикана дополнителна штета, односно испукале и други цевки во котелот на БЛОК 1. Неофицијално, покрај оваа дополнителна хаварија на котелот на Блок 1 дополнително поради нестручно вклучување на Блокот е предизвикана и штета на новиот трансформатор во МЕПСО што треба дополнително да го истражат одговорните органи, стои во соопштението.

Слични содржини