ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е одраз на ставот на МАНУ, МПЦ ОА и УКИМ

од Nikola Popovski

Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои протекуваа информации дека задираат во националните темели, се огласија од најголемата опозициска партија.

Според нив, резолуцијата е потребна за сигурност на граѓаните, затоа што на владата која ја интересира само криминал и личен интерес не може да и се верува.

-Што се однесува за резолуцијата е одраз на ставот на целата јавност, МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА, и други релевантни чинители, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска во Собранието ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат.

Во резолуцијата се бара во преговорите со Бугарија околу идентитските прашања да почитуваат сознанијата на македонската наука околу автохтоноста на македонскиот јазик и неговиот историски, јазичен и културен континуитет, како и на сознанијата според кои македонскиот јазик и неговите дијалекти имаат просторен и временски континуитет.

Од СДСМ по поднесувањето на предлог резолуцијата велат дека остануваат на ставот за нејзина поддршка со содржината која што ја презентираше ВМРО ДПМНЕ во јавноста. Но, неизвесна е поддршка на ДУИ ги имаат забелешки на предлог текст на резолуцијата и бараат темелни промени со цел таа да ги отсликува државните, а не етничките позиции.

Слични содржини