ВМРО-ДПМНЕ сака тројни избори

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Ајде на тројни избори, во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни, претседателски избори, повикаа денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот факт што Димитар Ковачевски бега од соочување со народот покажува дека тој само се интересира за гола власт ден повеќе, и презема чекори за негација на Македонија за да се опстане на власт“, велат од партијата на Мицкоски.

Според нив, владејачката партија бега од избори затоа што видела „каков дебакл доживеа во Тетово каде што разликата беше 2 спрема 1 во корист за ВМРО-ДПМНЕ“.

„Резултатот од Тетово ќе се преслика и на цела територија на Република Македонија“, убедени се од опозициската партија.

Повикаа и Владата и Ковачевски „да не се ставаат врз партиските приоритети или лични желби и веднаш да прифатат избори, бидејќи тие се излез од кризите кои самите ги создадоа како резултат на неспособност и незаинтересираност“.

„Тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани. Македонија може и мора подобро“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.