ВМРО-ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Република Грција со нашето име

од desk2
72 прегледи

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму ги осудија изјавите на господинот Талат Џафери и  се спротиставија на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.