ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје се додека трае овој атак врз Македонија, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
„Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. СДС го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.