ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше „Живот за сите“, а донесоа само сиромаштија за сите граѓани

од desk2
94 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека владејачката СДСМ донела пропаст на државата, а животот кој го ветувале дошол само за функционерите на СДСМ и пајташите на лидерот Зоран Заев, „за сите останати е беда и сиромаштија“.

„За само 4 месеци, СДС ја доведе македонската економија пред колапс. Неспособното раководство на СДС на чело со Зоран Заев, за краток период додека се на власт, успеа државата да ја доведе на работ пред банкрот.„Планот за живот” на СДС на граѓаните им ветуваше просечен раст на економијата од 5% годишно, но наместо тоа само за првите четири месеци имаме пад на бруто-домашниот производ за 1,8%. Ветуваа просечна плата од 500 евра, но лошите економски политики кои ги водат, придонесоа за пад на просечната бруто плата два месеци по ред.Трошењето на 420 милиони евра пари граѓаните на ветер и магла, а не на реални и развојни проекти за државата, резултираше и со пад на индустриското производство за 5.3%, и пад на извозот за 12%, што суштински резултира со помалку пари за компаниите и индиректно значи помалку нови работни места и повисоки плати за работниците“, се вели восоопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС ветуваше „Живот за сите” повеќе пари за сите во нивните семејните буџети, но донесоа само поголема сиромаштија за сите граѓаните во државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.