ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже „не“ на европскиот предлог, а ние ќе поддржиме малцинска влада

од Vladimir Zorba

Тоа што ќе се случува сега во оваа фаза во Собранието ќе биде информација, која суштински нема да делува на процесот, бидејќи процесот сега зависи од Владата. Но, важно е пратениците на СДСМ и другите партии од власта да бидат рационални и да ја сфатат штетноста за македонските евроинтеграции од еден ваков предлог на долг рок и да пркосат на уцените и диктатите, но и притисоците на партиските челници, кои немаат ништо заедничко со демократските и европските вредности. Така ќе покажат дека Македонија им е поважна од било каква партиска наредба, соопштуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ги става националните и државните интереси пред партиските и затоа ги повикува пратениците од СДСМ да гласаат против предлот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барањето на предвремени избори и доколку треба ќе поддржи опстојување на оваа власта, макар и како малцинска. Да не дозволиме Македонија да биде уценета, да покажеме дека националните и државните интереси се поважни од се, да кажеме Ултиматум-Не благодарам!“, додаваат оттаму.

Слични содржини