ВМРО-ДПМНЕ вечерва обвини дека „СДСМ, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласале за исплата на плати на вработените на ЈСП“.
-Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати. На дело се виде коалицијата Арсовска и СДСМ со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет, велат од партијата преку соопштение.
Од „Белата палата“ тврдат дека сега „палката е во рацете на градоначалничката“.
На вонредната седница на Советот на град Скопје беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалничката Данела Арсовска со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на градот за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.
За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан.