Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ во 100 дена во образованието создала хаос. Како што кажа тој, за само 100 дена во образованието се извршило само блокирање, кратење и укинување и владата не спровела ниту еден проект.

– СДС во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава. СДС вети, СДС излажа! Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование. Да почитувани граѓани, тоа се 1.5 милијарди денари помалку, за изградба и реконструкција на студентски домови, основни и средни училишта, универзитети, факултети, спортски сали и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Зоран Заев, Рената Десковска и Стефан Богоев одеа помеѓу младите и ветуваа подобар студентски стандард, подобри услови за студирање и квалитетно високо образование, за сега истите тие луѓе од позиција на власт со ребалансот на буџетот, да кратат 213 милиони денари кои беа наменети за изградба и реконструкција на универзитетии факултети, рече Андоновски.
Тој додаде дека владата на СДСМ скратила цели 155 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски домови.