ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ луташе кога требаше да се работи Коридор 8

од Nikola Popovski
18 прегледи

„СДС е пример за политичка комедија. СДС луташе кога требаше да се работи Коридор 8 барајќи само начини како да стават пари во џеб, ВМРО-ДПМНЕ гледа како да реализира проекти, а не да ги краде граѓаните“, велат од партијата на Христијан Мицкоски по обвинувањата од СДСМ за планот за изградба на железничкото поврзување со Бугарија кое е дел од проектот Коридор 8.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за време на владеењето на СДСМ, „секој ден беше нова епизода од Скандал во Македонија“.

-СДС треба да престане да ги рециклира истите соопштенија како фиока со истрошени сценарија. Се чини дека освен одговори, им треба и мапа да сфатат дека нивната улога во првите редови на политичката сцена е завршена. СДС ги погазија ветувањата, а време е да ги погазат и сценаријата, порачуваат од партијата на власт.

Претходно од „Бихаќка“ порачаа дека нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти.

Од СДСМ потсетуваат дека „пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“.

Министерството за транспорт информира дека на вчерашниот состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија билo прифатено дека мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидирање на самиот проект. Во соопштението се додава дека двете делeгaции се согласиле и да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.

Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа информираат од Министерството за трнанспорт.

Коридорот 8 е важна железничка врска за целиот регион и ЕУ. Ќе донесе побрзо патување за стоки и патници, зголемување на мобилноста, пристап на пазарот и конкурентност на Западен Балкан.

Слични содржини