ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ посочува коруптивни практики, но сами учествуваат во истите“

од Даниел Ѓорѓиевски
109 прегледи

По обвинувањата од СДСМ за тендерска мрежа во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија возврати со тврдење дека истата фирма добила значителни тендери и во општини под раководство на СДСМ.

„Фирмата што ја посочуваат како дел од коруптивна шема добила 45 милиони денари од Општина Центар. Дали и градоначалникот Горан Герасимовски е од ВМРО-ДПМНЕ? Толку ли во СДСМ немаат ориентација каде се наоѓаат и што се случува? Знае ли Венко Филипче како го брукаат, и дека со секој поминат ден се повеќе го спуштаат и онака нискиот рејтинг на неговата партија? Не не интересира што прават СДС, тоа си е нивна внатрешна битка, ни заради прецизно информирање, за кратко мораме да ги прекинеме нивните дворски игри во партијата и да ја кажеме реалноста“, се наведува во реакцијата од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ всушност посочува фирми кои свртеле милиони и во општини под нивна контрола, нагласувајќи дека ваквите прес-конференции дополнително ѝ штетат на партијата и нејзиниот рејтинг.

„Не нè интересираат нивните внатрешни пресметки, но мораме да ја прекинеме оваа манипулација и да ја кажеме реалноста“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини