ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за постапки за целосна партизација на општеството. СДСМ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, во текот на изборите ветувале професионални државни институции и департизиран државен апарат, а еден месец откако дошле на власт нивни пратеници ветуваат противправни услуги и привилегии за членовите на оваа партија и институциите ги полнат со партиски и кадри на Сорос. наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Најголемата опозициска партија ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на, истакнуваат, ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава.
Според ВМРО-ДПМНЕ, за еден месец од промената на власта Владата и министерствата се преполниле со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос. Без почитување на законските процедури, како што тврди, се поставени директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Управниот инспекторат, а под државна капа се ставени активисти на т.н шарена револуција.
– Граѓаните од СДС очекуваат професионален државен апарат во служба на граѓаните, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДС, каде остатокот од граѓаните ќе бидат граѓани од втор ред, се вели во соопштението