Од опозициската партија која вечерва организира протест се информираат дека има над 80 илјади луѓе присутни на протестот, неофоцијално од СВР Скопје велат дека околу 14.000 илјади луѓе се присутни пред Владата.
Од СДСМ велат дека помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издишал и дека граѓаните може да видат слаба посетеност и слаба организација.
-Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕГраѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи.
Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните.
Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи, посочуваат од владејачката партија.
Главното барање на партијата е нови, предвремени парламентарни избори, а повикот до власта ќе го упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ќе се обрати на протестот.