ВМРО-ДПМНЕ се нервозни оти нема бугаризација и имаме чист македонски јазик, порача Костовски

од Nikola Popovski

После денешната шлаканица што ја добија во македонското Собрание, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ кои го бранат Никола Груевски се нервозни, имаме чист македонски јазик во ЕУ и затоа свират, нервозни се, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

„Ако имавте грам чест и морал, требаше да се извините на граѓаните што ширевте лаги и небулози, што го поделивте ооштеството, засрамете се, вие сте предавници. Нервозни сте затоа што нема бугаризација, затоа што имаме чист македонски јазик, без фусности, без забелешки. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Колку тоа гордо звучи“ порача Костовски.

Слични содржини