„Лицемерно е од опозициската ВМРО-ДПМНЕ што бараат да се одржи Комисија за одбрана и безбедност, а потоа не присустува на истата. Веќе е препознатливо за оваа партија секоја прилика, па и оваа глобална појава за лажни дојави за бомби, да ја користи за ситни политички поени“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во сите системи и држави каде се појавуваат вакви лажни дојави, политичките фактори и институциите работат заедно и си помагаат со цел намалување на паниката, додека ВМРО-ДПМНЕ кај нас се обидува да внесе дополнителна паника кај граѓанте.
„Целта на ваквите напади е да се створи паника. Во голем дел од државите има национален консензус за да не се дозволи да се ствара паника кај граѓаните, нешто што кај нас го немаме. Затоа ми е апелот до ВМРО-ДПМНЕ, да не ствара паника и да помага во системот“ рече Талевски.