ВМРО-ДПМНЕ се обидува да креира паника и ќари политички поени од дојавите за бомби, вели Талевски

од Radmila Tasevska
311 прегледи

„Лицемерно е од опозициската ВМРО-ДПМНЕ што бараат да се одржи Комисија за одбрана и безбедност, а потоа не присустува на истата. Веќе е препознатливо за оваа партија секоја прилика, па и оваа глобална појава за лажни дојави за бомби, да ја користи за ситни политички поени“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека во сите системи и држави каде се појавуваат вакви лажни дојави, политичките фактори и институциите работат заедно и си помагаат со цел намалување на паниката, додека ВМРО-ДПМНЕ кај нас се обидува да внесе дополнителна паника кај граѓанте.

„Целта на ваквите напади е да се створи паника. Во голем дел од државите има национален консензус за да не се дозволи да се ствара паника кај граѓаните, нешто што кај нас го немаме. Затоа ми е апелот до ВМРО-ДПМНЕ, да не ствара паника и да помага во системот“ рече Талевски.

Пратеникот кажа дека жали што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа и иницијатори за одржување на Комисијата за одбрана и безбедност, одлучија да не присуствуваат кога министерот за внатрешни работи и началникот на одделот за организиран криминал дадоа детална анализа за преземените мерки и чекори од безбедносните структури.

Слични содржини