ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да поддржат малцинска влада на СДСМ и да гласаат за програмата на СДСМ, со цел да се спречи растурањето на државата

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Најголемата опасност по Македонија во моментов е Зоран Заев и неговото прифаќање на уцените да ја реализира платформата од Тирана, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму повторно бараат Заев да се откаже од ваквото сценарио, а за возврат, велат, ќе ја добие нивната поддршка за формирање влада.

Од партијата истакнуваат дека се подготвени да поддржат малцинска влада на СДСМ и да гласаат за програмата на СДСМ, со цел да се спречи растурањето на државата.

Ваквата цел за растурање на Македонија, се вели во соопштението, постои скоро цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи „одредени фактори од надвор во криминалецот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон и кој сакајќи да се спаси себе си ја жртвува Македонија“