ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека пожарот во Кумановскиот суд не е случаен

од Nikola Popovski
268 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека вчерашниот пожар во Кумановскиот суд не е случаен.

-Да се запали архива во кумановскиот суд во час и половина после полноќ, кога со часови нема или не треба да има некој во објектот, е индикативен случај. Нема да не изненади дека повторно продолжен кабел, искра, високи ноќни температури или можеби метеор се причинители на пожарот, велат од партијата.

Додаваат дека „епскиот криминал не може да се сокрие, покрие или изгори“. ВМРО-ДПМНЕ апелира надлежни служби да направат вонреден преглед на електричните инсталации и чешмите во државните институции, со посебен акцент на архивите.

Со пожарот изгореле и дел од подрумските простории на судот. Огнот ја зафатил и дел од архивата, во која се наоѓаат предмети од минатото. Нема повредени лица.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера извести дека екипи за помош од Скопје се веќе испратени на терен.

-Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот, кажа Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини