ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин да одлучи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен неговиот данок

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи секој граѓанин да одлучи за кој проект во неговата општина ќе биде потрошен неговиот данок, објавија од партијата преку соопштение.

Според нив, мерката „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина“ е мерка со која ќе им се овозможи  на сите граѓани да одлучат каде ќе бидат потрошени парите кои ќе ги уплатат за данок на имот во нивната општина.

-Општината ќе постави апликација на која ќе можат граѓаните да следат колку пари има за нивниот проект. Со оваа мерка ќе им се овозможи на граѓаните сами да ја менаџираат својата општина. Со оваа мерка ќе се стави крај на сите злоупотреби. Граѓаните од определен дел на некоја општина ќе можат да уплатат пари на име данок на имот кои ќе бидат искористени за поправање на нивната улица, за канализација во нивното место итн. Секој ќе може да влијае директно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини