ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да си оди

од desk4
111 прегледи

 

Македонија ја има најнеспособната влада, а за жал градот Скопје го доби најнеспособниот градски татко.

Денес во главниот град не е главна тема правење на булевари, паркови, водоводи и канализации, туку главен проблем стана рутинско прскање против комарци. Петре Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некаков проект или реши некој позначаен проблем.

Шилегов и СДСМ најобичното прскање против комарци го претворија во епохална битка која не можат да ја победат, а сето тоа го трпат граѓаните.

Кога веќе граѓаните не можат да се спасат од комарците, нека се спасат од Петре Шилегов. Шилегов нека ги спаси скопјани што побрзо и нека си даде оставка, бидејќи градоначалник на Скопје не е место кое може да се раководи со неспособност, незнаење, неработење и незаинтересираност, се вели во соопштението на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ