ВМРО-ДПМНЕ: Што се обидува да сокрие Костадиновска Стојчевска?

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Бисера Костадиновска Стојчевска не кажа кои се членовите на комисиите кои се потпишале на скандалозната програма без концепт и стратегија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па оттука логично се поставуваат прашањата:

1.Дали тоа значи дека лично Костадиновска Стојчевска ги носела одлуките при избор на проектите за Годишната програма?

2.Кого крие и дали станува збор за уценети од членовите на комисиите кон Костадиновска Стојчевска?

Ја потсетуваме министерката дека не само што треба да ги соопштите нивните имиња, туку нејзина обврска е да ги соопштите и нивните професионални квалификации.

Ако не знае Костадиновска Стојчевска бидејќи до сега не била дел од културата тогаш ќе и објасниме ние, во времето на ВМРО ДПМНЕ, пресовите на министерот при објавувањето на Годишната програма се одржуваа во присуство на сите членови на комисиите, затоа што со буџети со износи од 9.000.000 – 12.000.000 денари само во националните театри, не сме имале од што да се срамиме.

Воедно, Костадиновска Стојчевска треба да одговори дали членот на комисијата за музејска дејност е наставник по англиски јазик и нема никаква допирна точка со музејската дејност? Дали членот на комисијата за визуелни уметности е се уште студент?

Ако во времето на ВМРО ДПМНЕ имало и академици а во најмала рака универзитетски професори, комисијата за заштита на културно наследство сега е составена од членови кои немаат ниту научно звање, а за потсетување на јавноста, минатата година член на истата комисија беше именуван наставник по биологија.

Нека ни каже министерката дали назначената претседателка на комисијата за интердисциплинарни дејност, освен што е истакнат активист на СДСМ е и член на извршната канцеларија на МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Битола, па дали тоа не е конфликт на интереси, дотолку повеќе, што во оваа дејност се доделени 656.000 денари за проектот ‘Битола отворен град 2024’ во организација на истиот тој МКЦ. Притоа, голем дел на членовите на комисии се повеќе препознатливи по својот партиски отколку професионален ангажман.

Дополнително, овие лица ќе наплатат дебело за давање на своите ‘стручни’ мислења, односно хонорарот на 50тмината лица е околу 90.000 денари или вкупно за сите 4.500.000 денари, народни пари.

Стручноста и компетентноста се плаќа и треба да биде соодветно наградена, но поставува прашањето дали сите ‘тајни’ членови на комисиите се навистина кредибилни и ли главниот предуслов е партиската препорака.

Во однос на одобрениот проект на Албанскиот театар од Скопје, кој е дел од Годишната програма на Националните установи во меѓународна дејност, цитираме: ‘РЕАЛИЗАЦИЈА на фестивалот МОИСИУ во Приштина, Косово’ со 1.800.000 денари, повторно ја повикуваме министерката да објасни зошто е проектот така насловен и зошто сите останати театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји се поддржани со десет пати помали средства? И доколку станува збор само учество, како тоа за 100 километри пат, министерството издвоило 1.800.000 денари?!

А што се однесува до заедничкиот именител на Здружението на граѓани за поинакво делување АРТАКТ, Друштво за производство, трговија и услуги ТРИЧЕТВРТИ увоз-извоз ДООЕЛ и Сташа Божиновска, сите од Битола, очигледно ќе мораме ние да ја информираме македонската јавност дека се работи за лице кое е директно врзано со најблискиот соработник во кабинетот на Костадиновска Стојчевска, а позади овие ‘тешки’ проекти стојат имињата на неговата ќерка, сестра и вработена и прва соработничка во неговата фирма. Уште еднаш да потсетиме дека наведените проекти се финансирани од министерството за култура со преку 2.000.000 денари.

СДС и Костадиновска Стојчевска носат само порази во културата.

Никогаш не било полошо во македонската култура.

Важно е да ги поразиме“, стои во соопштението на пртијата.

Слични содржини