ВМРО-ДПМНЕ: Што значи мастер планот на Георгиевски?

од Nikola Popovski

„Зоран Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот практично мастер план за идентитетско обезличување во кој Македонија и граѓаните треба да откажат од историјата, јазикот и постоењето на континуитет на македонската нација“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за акцискиот план кој што јавно вчера  го истакна поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој мастер план за идентитетско обезличување, кој Заев се обидува да го спроведе.

„За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да се согласи владата дека македонскиот јазик бил всушност бил бугарски, дека тој бил јазикот на коресподенција на македонските револуционери. Неприфатливо е да се согласиме според тезата на Заев, пуштена преку Љубчо Георгиевски дека македонска нација е новосоздадена“, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека ова се опасни тези кои нанесуваат штета на националните и државни интереси и срамно е што не чувме никаква осуда од страна на Зоран Заев, на владата и на сите останати од СДСМ на овие изнесени тези.

Слични содржини