ВМРО-ДПМНЕ си прeпиша заслуги за донесената резолуција во германскиот Бундестаг

од Nikola Popovski
289 прегледи

Резолуцијата во германскиот Бундестаг е добра работа и е за поздравување, изјавил утрово Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДОМНЕ и пратеник во Собранието.

Како што изјавил тој, резолуцијата се донела затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност.

– Ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рекол тој.

Милошоски потенцирал дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ пред година дена, две, три од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата  за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години, изјавил тој за радио „Лидер“.

Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што Германскиот Бундестаг упатил апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи претходно уставно име Република Македонија.

Слични содржини