ВМРО-ДПМНЕ: Сите вработени во УЈП кои несовесно ја вршеле работата да бидат казнети

од Vladimir Zorba
99 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„СДС ја исцеди државната каса. Заради неспособноста на Заев и тесната група околу него се заканува крах на буџетот. Затоа само по основ на повлечени девизни резерви и издадени државни хартии од вредност периодов ја уништија фискалната моќ на државата. Се испозадолжија, а пари нема ниту за ветеното покачување на пензиите, ниту за просечна плата од 30.000 денари.

Затоа има најави за зголемување на горната граница за пензионирање и качување на даноците.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше земја со најниски даноци, а УЈП драстично ја намали даночната евазија. Буџетот на државата беше во добра кондиција и даноците се собираа согласно предвидената динамика.

Сите вработени во УЈП кои беа откривани дека несовесно ја вршат својата работа беа законски санкционирани.

СДС треба веднаш да ги казни тие што не работеле согласно прописите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.