ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон

од Vladimir Zorba
123 прегледи

  

Власта е во паника, притисоците и заканите се залуден обид да се всее страв

СДСМ доби црвен картон од над еден милион и двесте илјади граѓани кои не излегоа на референдум или гласаа против договорот за промена на името. Власта е во паника. Нејзината капитулантска политика не поминува кај граѓаните и затоа се заканува и прибегнува кон вршење на притисоци.

Залудни се притисоците и заканите преку сите послуги на власта, вклучително и правосудството кое го имаат запоседнато партиски послушници. Кога се работи за Република Македонија граѓаните немаат страв. Тоа е лекција која СДСМ очигледно допрва ќе треба да ја учи на потешкиот начин.

СЈО е институција во рацете на власта за политички прогон на неподобните и тоа е непобитен факт, кој сите го гледаат.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ваквите негативни преседани за македонското правосудство наскоро ќе бидат минато, се вели во денешното соопштение на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.