ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот со ПИОМ мора да има разрешница

од desk2
104 прегледи

Кој ќе сноси одговорност за скандалот со ПИОМ? Дали Мила Царовска или директорот на ПИОМ Шаип Зењели, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција. Кој ќе понесе одговорност за скандалот тежок десетици милиони евра? Дали Мила Царовска ќе си даде оставка или директорот на ПИОМ Шаип Зењели? Или, според нас најдобро е и двајцата да си дадат оставки, а Јавното обвинителство да отвори случај и да ги сослуша и актуелниот директор на ПИОМ и министерката на СДСМ Мила Царовска“, праша Димче Арсовски портпарол на партијата.

Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ кој го обзнани Царовска и кој во моментов е актуелен мора да има завршница и некој од надлежните мора да сноси одговорност. Или Царовска или директорот Зењели.