ВМРО-ДПМНЕ: Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека

од Vladimir Zorba
130 прегледи

„Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите. Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции. Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека, посочуваат, меѓудругото, од опозициската партија.

Слични содржини