ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче и СДСМ стојат позади инцидентот со Апасиев

од Nikola Popovski
239 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче стојат позади вчерашниот инцидент во Собранието во кој беше вклучен лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев. Од партијата на Христијан Мицкоски го нарекоа Апасиев – „насилникот и пудлицата на Венко“.

-Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во видео од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владеачката партија тврди дека „Апасиев во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници“.

-Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и работа во интерес на граѓаните во Македонија. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент, тврдат од партијата.

Пцости, замавнувања, фрлање слушалки – ова се случи во Собранието откако пратеникот на Левица, Исмаили, ненајавено спротивно на деловникот, постави прашање до премиерот Мицкоски, зошто Владата ја поддржала кандидатурата на Шекеринска за заменичка на генералниот секретар на НАТО.

Додека од говорницата имаше процедурални забелешки, во позадина меѓусебни вербални навреди. Спикерот Гаши ја смируваше ситуацијата. Интервенираше и обезбедувањето.

Слични содржини