Околу 1.000 амандамни опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела до Собранието. Неколку амандамни до собраниските служби доставила и ДУИ. Се очекува амандамни да поднесат и БЕСА. Од СДСМ не најавуваат. Со вака големиот број на амандамни од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ велат собраниски извори опозицијата ќе се обиде да го блокира носењето на ребалансот на буџетот. Ребалансот треба да биде донесен до крајот на месецот. Од втори август народните избраници заминуваат на годишен одмор.
Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2017 по скратена постапка во понеделник е на матичната комисија за финансирање и буџет во 11 часот.
Владата веќе најави дека со ребалансот на буџетот најголеми кратења се предвидени во непродуктивните трошење во институциите, Владата и кај Претседателскиот кабинет. Речиси 7 милиони евра ќе биде покус буџетот на премиерскиот кабинет, а кабинетот на претседателот на државата ќе има помалку 95 илјади евра за трошење.
Инаку според педложениот ребаланс се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто.
Предвидено е кратење на расходите од 48,7 милиони евра и на капиталните инвестиции за исто толку, а предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и во западна Македонија.
Проекцијата на приходите е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра.
Со ребалансот се кратат непродуктивните трошење во институциите, Владата и кај Претседателскиот кабинет.
Речиси 7 милиони евра ќе биде покус буџетот на премиерскиот кабинет, а кабинетот на претседателот на државата ќе има помалку 95 илјади евра за трошење.
Со ребалансот најмногу пари се кратат од Министерството за образование, вкупно 21 милион евра и Министерството за внатрешни работи кое ќе има помал буџет за 6,7 милиони евра. За 3, 7 милиони евра е скратен буџетот на Министрството за култура.
Од другите кратења има кај судската власт за половина милион евра.
Вкупно 17,9 милиони евра повеќе од проектираниот буџет за годинава ќе добие Министерството за труд и социјлана политика за да ги реализира предвидените програми до крајот на годината. Околу 3,3 милиони евра се наменети за навремена исплата на сите загарантирани социјални права на граѓаните.
Министерството за економија добива 3,9 милиони евра повеќе, додека пак буџетот на Министерството за здравство се зголемува за 4,4 милиони евра, а на Министерството за информатичко општество и администрација е зголемен за 2,5 милиони евра. Со износ од 9 милионии евра, ќе се дополнат активните политики и мерки за поддршка за нови вработувања.
Дополнителни 20,2 милиони евра ќе добие и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците за вториот пензиски столб.