Бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, соопштија утрово од опозициската партија и ги наведоа следниве мерки:
Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:
1. Предлагаме вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.
2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.
3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.
4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.
5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .
„Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно“, додаваат, меѓу другото, од Белата палата.