Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ прави се, за да направи дефокус на јавноста од нереализацијата на проектите од страна на нивните градоначалници, што претставува враќање назад на квалитетот на животот на граѓаните.
-Соочени дека не можат тоа да го реализираат, се обидуваат да направат дефокус на целата оваа тема. Почнаа со барање предвремени избори и видоа дека не можат да создадат клима за предвремени избори, сега имаат некоја нова теза и интенција да објавуваат таканаречени бомби или некои навидум криминали коишто ги правеле некои одредени градоначалници предводени од СДСМ, вели Каевски за Алсат.
Тој во своето излагање напомена дека градоначалничката на Град Скопје ги имаа прекинато капиталните прокти на Градот.
-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо, единствено нешто што направија, еве ќе ја земам како пример градоначалничката на Град Скопје се неколку нивелирани шахти и тоа го смета за, не знам, каков успех, а во меѓувреме го прекина проектот Бас Рапид транзит, се прекина изградбата на двата нови моста се прекинаа други капитални инвестиции и сето тоа на штета на граѓаните, нагласи Каевски.