ВМРО-ДПМНЕ: Со која ЕУ се консултирал Ковачевски, тие ги осудија измените во Кривичниот законик

од Vladimir Zorba
455 прегледи

„Со која ЕУ се консултирал Ковачевски? Додека тој даваше изјава тие ги осудија измените во КЗ, така и за уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги отфрли, попусто се надева“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите изнесени денеска од страна на премиерот на РСМ.

„ЕК денес излезе со став дека жалат за недостатокот на сеопфатни консултации на власта со домашните чинители и ЕУ пред усвојувањето на измените, но и за злоупотребата на европското знаменце.

Наместо владеење на правото, со Ковачевски имаме владеење на криминалот, неказнивоста на владините функционери е императив на неговата работа, а реформи не само што нема на повидок, туку Македонија и назадува.

Ковачевски наместо како расипана грамофонска плоча да повторува уставни измени подобро ќе биде да распише избори, зошто уставни измени нема да има“, порачаа од Белата палата.

Слични содржини