ВМРО-ДПМНЕ со нов напад на претседателот на Синдикатите

од Vladimir Zorba
81 прегледи

„СДСМ јавно признаа дека го координираат ССМ преку Трендафилов, којшто следи насоки од неговите шефови од Бихачка. Трендафилов кој е ставен од СДСМ да биде претседател на ССМ, го направи синдикатот партиска прес сала, преку која СДСМ ги злоупотребува синдикатите и шири лоши економски политики, за кои што граѓаните се доста запознаени, бидејќи за малку не бевме банкротирана држава“, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Трендафилов е само слеп послушник на лошите економски политики, кои СДС ги претставува преку нивниот партиски синдикат ССМ со кој раководи нивниот пулен Трендафилов.

Благодарение на Трендафилов, СДС и ССМ се сега една иста организација, која не му мисли добро на македонскиот народ.

Да потсетиме, во времето на СДС работниците не земаа плата по неколку месеци, затоа немаат кредибилитет да зборат за платите и економијата.

ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на платите во здравството, образованието, МВР, администрација и други сектори од општеството. Економскиот раст е во последните два квартали е над 3%, а пензиите веќе пораснаа за 5000 денари. Инвестициите се над милијарда евра, со коишто се отвораат нови работни места.

Со овие факти, СДС не може да се помири. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за граѓаните!“, додаваат оттаму.

Слични содржини