ВМРО-ДПМНЕ со порака по апсењето на Нацев: „Сите ќе одговараат, без разлика на партија!“

од Марта Пешевска
46 прегледи

Во врска со денешното апсење на Александар Нацев, владејачката партија излезе со реакција во која потенцира дека институциите конечно започнуваат да функционираат еднакво за сите, без оглед на партиска припадност.

„Ова апсење е доказ дека правдата постои и дека никој не е над законот. Без разлика дали некој е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или било која друга партија – секој што има допирна точка со трагичниот настан во Кочани ќе биде повикан на одговорност,“ се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа политичките противници да престанат со, како што велат, „паралелни судења во јавноста“ и да не изнесуваат обвинувања без докази. Тие нагласуваат дека институциите сериозно и одговорно ја водат истрагата и оти ова е првпат во поновата историја кога се гледа дека одговорност се бара подеднакво од сите страни.

Со пораката дека „правдата не познава партиска боја“, од партијата испраќаат уверување до јавноста дека нема да има заштитени поединци и дека вистината ќе излезе на виделина.

Слични содржини