ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ, покажува анкета на ИПСОС

од Nikola Popovski
441 прегледи

Најголемата опозициска партија има водство од 9 отсто пред СДСМ, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи анкета, спроведена од агенцијата ИПСОС.

На прашањето „што доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале“, ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека за партијата би гласале 21% од граѓаните.

За СДСМ би гласале 12.5%, ДУИ 7.2%, Левица 4.3%, а Алијанса на Албанците 3.3%.

Неодлучни, според анкетата на ИСОС, биле 19,2 отсто, одбиле да одговорат 18,1 отсто, а дека нема да гласаат рекле 11,1 отсто од испитаниците.

На прашањето „Дали државата се движи во правилна насока“, како што објави ВМРО-ДПМНЕ 60 отсто од испитаниците на анкетата во декември одговориле дека се движи во погрешна насока. Ова е зголемување за 3 отсто со оглед дека на истото прашање во ноември 57 отсто од граѓаните сметале дека државата се движи во погрешна насока.

Слични содржини