„Ако буџетот за 2022 од самиот старт беше неразвоен, сега после ребалансот ќе биде полош. Со кратењето на средства за капитални инвестиции како основен развоен дел во рамките на буџетот и како двигател на економијата во секоја земја. Ако на ова се надодаде катастрофалната стапка на реализација која до сега изнесува само 16,3%, тогаш несомнено е дека оваа година наместо економски блескава година, ќе заврши како невидена катастрофа“, соопштија утрово од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ребалансот на буџетот, според партијата на Мицкоски, покажал уште еден податок, а тоа е дека проекцијата за раст на БДП се намалува за 1,4%, односно економијата во најдобар случај до крајот на годината ќе порасне за 2,5% помалку од планираното. Т
оа веројатно ќе значи дека повторно и оваа година ќе го имаме убедливо најлошиот раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Оваа проекција за помал раст во исто време значи дека од прилика за истиот процент ќе се зголеми долгот на Македонија, велат меѓу другото од Белата палата.